Во Библиотеката на градот Белград, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на детето се одржа поетска вечер и промоцијата на поетската збирка „Деца света“ од Катја Василев, а во организација на Здружението МАКЕДОНИУМ од Белград.
Во топлата атмосфера оживеаја стиховите и на македонски јазик преку гласовите на Калина Василев, Тајана Иванковиќ, Софија Мирковиќ, Илија Темовски и Маја Слијепчевиќ. Музичкото интермецо на гудачкиот ансамбл Версус и ансамблот Македониум создаде уште подлабока емоција, дополнувајќи ја поезијата со топлината на звукот.
фото, извор: Здружението "Македониум", НСМНМ