"Илинден“ од Јабука со најдобра пита од зелка на "Купусијада"

03 Novembar, 2025
Blog Image

фото, извор: Printscreen/Milorad Mladenovski/Facebook

Во Глогоњ се одржа 18. по ред "Купусијада", во рамките на манифестацијата „Глогоњска јесен“.

Гостинките од бројни здруженија во Банат имаа можност да им ги претстават на посетителите своите производи, но и да учествуваат во натпреварување во повеќе категории: најубаво украсен штанд, најубав колач и други. Првото место во категоријата „најдобра пита од зелка“ го освоија членките на македонското здружение „Илинден“ од Јабука.