Националниот совет на македонското национално малцинство одржа годишна свеченост во Белград по повод Денот на Советот. На настанот присуствуваа и претставници на организацијата „Сапорт Кочани“. Во рамки на настанот беа доделени симболични благодарници на сите кои учествуваа во хуманитарната акција на Советот, како знак на поддршка за повредените во Кочани. На настанот присуствуваа и членовите на македонските здруженија од Јужен Банат и целата држава.
фото, извор: НСМНМ ФБ