Македонскиот Културно-информативен центар во Белград беше домаќин и организатор на концерт на музичкиот ансамбл "Македониум" од Белград.
Во рамките на програмата ансамблот изведе бројни традиционални македонски песни и ја одушеви белградската публика која го наполни просториите на КИЦ Белград.
Ансамблот "Македониум" е основан во 2015 година со цел на негување и популаризирање на стариет македонски изворни песни и обичаи. Има настапувано на сите важни манифестации на македонската заедница во Србија, како што се "Деновите на македонска култура" во Нови Сад и традиционалните празнувања на Илинден во Јабука и Качарево.
Концерт беше организиран во партнерство со Здружението на Македонците во Белград "Македониум".
фото, извор: Македониум ФБ, КИЦ Белград