Концерт на ансамблот "Македониум" во Белград

31 Oktobar, 2025
Blog Image

foto, izvor: KIC Beograd

Вечерва во 19 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Белград ќе се одржи концерт на музичкиот ансамбл „Македониум” од Белград, со наслов „На срце ми лежи, мила мамо”.

Концертот се организира во партнерство со Здружението на Македонците во Белград „Македониум” и е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Ансамблот „Македониум” е основан во 2015 година, со цел да бидат сочувани, негувани и популаризирани старите македонски изворни песни.