Шаховски работилници за децата од Качарево

16 Novembar, 2025
Blog Image

Здружението на Македонците „Вардар“ ги поканува сите заинтересирани деца на шаховска работилница.

Часовите по шах ќе се одржуваат секоја среда од 17 часот во просториите на друштвото. Идејата е децата преку игра да ги научат основите на шаховската игра.

Работилницата ја води Предраг Томин, лиценциран тренер на шаховскиот клуб „Аљехин“ од Панчево.

фото, извор: "Вардар Качарево"