Во салата на Градската библиотека во Вршац одржана е поетска вечер посветена на промоцијата на двојазичната збирка „Копнеж во мугрите“ од авторката Зинка Трендовска од Скопје, во организација на Здружението Вардар Вршац, а во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Вршац, под покровителство на Македонскиот национален совет.
Публиката уживаше во искрените и топли стихови претставени на македонски и српски јазик, а вечерта беше збогатена и со учеството на Снежана Алексиќ Станојловиќ, поетеса од Нови Сад, која со својот литературен израз донесе дополнителна емоција и убавина.
Настанот помина во исклучително пријатна атмосфера, исполнета со поезија, инспирација и дијалог со читателите.
фото, извор: НСМНМ