Четвртиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, еден од најголемите и најважните вински и гастрономски настани во Европа, ќе се одржи од 22 до 25 ноември во Белград.
Манифестацијата е плод на иницијативата Отворен Балкан што ги поврзува Србија, Северна Македонија и Албанија. На неа оваа година ќе има повеќе од 600 изложувачи, што ќе презентираат вина, жестоки пијалоци, деликатеси и туристички понуди од Србија, регионот и региони од сите континенти.