"Штукијада" на 21 декември во Јабука

17 Decembar, 2025
Blog Image

На плажата "Скела“ во Јабука, во недела, на 21 декември, ќе се одржи четвртата "Штукијада“, манифестацијата посветена на спортскиот риболов. Натпреварувањето започнува во 8 часот и завршува во 11 часот.

Такмичарите мора да поседуваат дозвола за риболов. Секој такмичар обезбедува чамец, во кој можат да бидат најмногу двајца учесници, истакнаат организаторите. 

Трите најдобри риболовци ќе бидат наградени со опрема за риболов, а посебна награда е предвидена и за најмладиот риболовец. Котизацијата за учество изнесува 1000 динари.

По прогласувањето на победниците на плажата ќе биде организирано дружењето за сите учесници и гости, меѓу кои се и членовите на македонското здружение "Илинден" од Јабука.